Во село Пршовце, Општина Теарце, свечено беше отворена фабриката за кафе Нелина кафе". Новиот стопански субјект е резултат на соработката на браќата Назми и Неџат Лимани со компанијата "Корд" од Хамбург, Германија. Со почетокот на првата фаза за печење кафе во фабриката се отвораат 30 работни места, а со реализација на понатамошните етапи - мелење и производство на екстракти од кафе, сопствениците, браќата Лимани, очекуваат да се отворат вкупно 120 работни места. Сакавме да оставиме еден вид белег од нас како постара генерација што била на печалба во странство за генерациите што доаѓаат во нашиот крај. Oд економски аспект, инвестиција треба да отвори 120 нови работни места, што ќе придонесе за развој на економијата во регионот и пошироко. Овој пример треба да го следат и да ги стимулира инвеститорите и во другите региони на државата.
Во село Пршовце, Општина Теарце, свечено беше отворена фабриката за кафе Нелина кафе".
Новиот стопански субјект е резултат на соработката на браќата Назми и Неџат Лимани со компанијата "Корд" од Хамбург, Германија. Со почетокот на првата фаза за печење кафе во фабриката се отвораат 30 работни места, а со реализација на понатамошните етапи - мелење и производство на екстракти од кафе, сопствениците, браќата Лимани, очекуваат да се отворат вкупно 120 работни места.
- Сакавме да оставиме еден вид белег од нас како постара генерација што била на печалба во странство за генерациите што доаѓаат во нашиот крај - изјави Лимани.
За министерот за економија Ваљон Сараќини истакна дека од од економски аспект, инвестиција треба да отвори 120 нови работни места, што ќе придонесе за развој на економијата во регионот и пошироко.
- Овој пример треба да го следат и да ги стимулира инвеститорите и во другите региони на државата - изјави Сарачини.